ВМРО-ДПМНЕ: Десетици човечки животи згаснуваат затоа што системот не успева да им пружи заштита

Од:

„Државата е пред колапс, а десетици човечки животи згаснуваат затоа што системот не успева да им пружи заштита на граѓаните. Здравствените работници секој ден се жртвуваат, ризикувајќи ги и сопствените животи без соодветна опрема, а приоритет на владата на Зоран Заев е да печати нови пари со придавката која не беше прифатена на референдум. Бизнисите се затвараат, работници остануваат на улица, а приоритет на владата на Заев е да обезбеди екстра пари за роднините и партиските послушници во СЈО кои го помагаа и премолчуваа рекетот.

Состојбата со епидемијата со Ковид19 зазема алармантни размери. Власта на Заев наместо да танцува со епидемијата мора веднаш да се освести и да почне да превзема одговорни чекори. Граѓаните, здравството и економијата немаат апсолутно никаква корист од ваквите одлуки на владата. Секој ден бројот на заразени рапидно расте, а се зголемува и бројот на починати. Секој денар треба да се алоцира во справување со епидемијата, а особено со последиците кои следат, бидејќи секој живот е важен и секое работно место е важно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Жалиме што Венко Филипче се претвори во статистичар кој јавно само презентира црни бројки. Тој треба да се зафати со работа и да го организира здравствениот систем. Се повеќе се заразуваат здравствени работници кои се најнеопходни во борбата, бидејќи тие се на првата линија кои се грижат за нашето здравје.

Треба да се организира државата и да ги заштити вработените во здравството, да се набават медицинска опрема и материјали, да се подготват објекти кои ќе бидат алтернатива за болниците и најважно од се да се почне со масовно тестирање, според препораките на СЗО, затоа што на тој начин ќе се превенира лицата кои ќе се открие дека се носители на вирусот да го ограничат дополнително своето движење и на тој начин ширење на вирусот.

Дополнително да се побара хуманитарна помош од нашите меѓународни пријатели и час поскоро да почне да организира набавка на здравствени материјали, како ракавици, маски и скафандери за граѓаните и здравствените работници. Чекорот на нашите пријателски земји Унгарија и Словенија и нивните донации не смее да престане. Секој од нас треба да ги искористи контактите и ваквата помош треба да доаѓа од секоја страна која е во можност да помогне“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски