ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста.

Носителите на листите се веќе познати во јавноста. Во ИЕ 1 носител ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Втората Владо Мисајловски, во Третата Драган Ковачки, во Четвртата Александар Николовски, во Петата Ѓоргија Сајкоски и во Шестата Дафина Стојановска.

Според информации од партијата, на листите ќе се најдат најголемиот број од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и помалите партии кои ќе коалицираат нема да добијат пратенички места.

ВМРО-ДПМНЕ во недела на 31 март се очекува да одржи конвенција за промоција на кандидатите за пратеници.

Учесниците на изборите односно политичките партии и коалициите најдоцна до 2 април треба да ги достават листите за пратеници до Државната изборна комисија, која треба да ги потврди. Изборите се на 8 мај. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина