ВМРО-ДПМНЕ: Декласифицирањето на договорите ќе влијае врз потенцијалните странски инвеститори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека одлуката на Владата за декласифицирање и објавување на субвенциите што им се даваат на странските компании ќе влијае врз потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во државата.

Генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски на прес-конференција рече дека ваквата одлука ќе предизвика несигурност и незадоволство кај постоечките инвеститори, ќе ја намали конкуренцијата во однос на другите држави и ќе одврати многу странски компании да инвестираат во Македонија.

– Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти. А, најчесто еден инвеститор во процесот на одлука „го бркаат“ најмалку 5-6 држави со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, бидејќи секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога, рече Мицковски.

Тој додаде дека наместо во Македонија, странските компании ќе инвестираат во други држави, а целта на оваа владина мерка е да нема сериозен прилив на странски директни инвестиции. Во таа насока, според Мицковски, е и најавата на Владата за објавување на транспарентен ценовник или тарифник за субвенции.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?