ВМРО-ДПМНЕ: Деградирањето на Бакрачески е доказ за партискиот реваншизам кој СДС го спроведува на секое ниво

Од:

„Бакрачески како врвен професионалец, кардиолог, кој по враќањето на своето старо работно место како кардиолог е деградиран, понижуван. Деградирањето на Никола Бакрачески е доказ за партискиот реваншизам кој СДС го спроведува на секое ниво и секаде каде е на власт. На местото на професионалци докажани во својата работа се редат луѓе кои се неспособни, без компетенции само затоа што се со партиска членска книшка на партијата на власт. Затоа и системот не функционира.

Заев докажува дека владее со поделби, закани, уцени.

Додека се друго што вети и е врзано со економијата, реалниот живот и стандардот на граѓаните не исполнува, единствени две ветување на Зоран Заев кои се исполнуваат се „дека ќе брка од работа од чистачка до министер и дека ќе јаде живи луѓе“ како и „дека ќе ја свитка кичмата на државата во однос на името“.

Ваквиот начин на управување ќе доведе до уште поголеми поделби кои се на штета на граѓаните. За сето ова ќе има одговорност, сите прекршувања се бележат, и ќе дојде време кога одговорноста ќе биде побарана“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција за како што велат партискиот реваншизам кој го спроведува СДС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он