ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не ги реши проблемите на кумановчани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на Зоран Дамјановски посочи оти тој во неговиот осумгодишен мандат не ги решил проблемите на кумановчани, а на изборите оди со празни ветувања.

– ВМРО-ДПМНЕ сака да ги потсети граѓаните на Куманово дека во овие осум години, Куманово се претвори во општина која е пред банкрот, со катастрофална сообраќајна инфраструктура, со јавни претпријатија кои се пред колапс, како и со појава на многу нови диви депонии. Во Општина Куманово се плаќа највисок данок на имот од сите општини во Република Македонија и многу други ветувања за кои до ден денес нема никаква реализација, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Дамјановски го довел во прашање и снабдувањето со електрична енергија во оптшината, поради огромниот долг кон ЕВН-Македонија. Посочуваат, дека и овие ветувања ќе останат празен муабет, затоа што велат, иако ветил Општина Куманово сеуште нема катна гаража, не е изградена ниту подземната сообраќајница, поради што очекуваат граѓаните „да го казнат на локалните избори за недомаќинското работење“.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември