ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски можеше да ги реализира сите ветени проекти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на кандидатот за градоначалник на општина Куманово од коалицијата „Сојуз за иднината“, Зоран Дамјановски оценува дека тој во досегашниот осумгодишен мандат имал можност да ги реализира сите ветени проекти.

Денес Зоран Дамјановски пред кумановчани се појавува со истите проекти кои ги ветуваше во претходните мандати, а никако да ги реализира. Наместо реализација на проектите, Дамјановски ја направи општина Куманово една од најзадолжените општини во Република Македонија со огромни долгови, јавни претпријатија пред колапс, град без економски развој, а полн со нерасчистен смет, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, општина Куманово не го заслужува, како што велат, недомаќинското работење на Зоран Дамјановски.

ВМРО-ДПМНЕ нуди луѓе кои знаат како да ја водат општината и како да работат во интерес на граѓаните. Сигурни сме дека на 24 март кумановчани ќе стават крај на ова неодговорно работење и ќе одберат да одат напред заедно со општина Куманово, се истакнува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија