ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад нападот на јазикот и идентитетот стојат СДС и Филипче, со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС

Од:

Бојко Борисов вчера јавно се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик во резолуцијата во Европскиот парламент. Зоран Заев за Бојко Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски го ословуваше со „Бојко љубави”, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистинското прашање е каква е поврзаноста на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче со бугарската пропаганда против македонскиот идентитет и јазик? Дали позади нападот на јазикот и идентитетот стои СДС и Венко Филипче со оглед на јавно изразената блискост на Бојко Борисов со СДС? Нели е симптоматично што единствените кои хорски ја напаѓаат владата се Венко Филипче, СДС и печурките на Бугарија во Македонија. Токму затоа Андреј Жерновски ја има улогата на бугарски камиказа во Македонија. Наместо СДС да ги искористи позициите да лобира за Македонија тие ги штитат бугарски интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?