ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС планира со кадри, како трговецот со дрога Александар Филев, да го носи народот во ЕУ

Од:

СДС планира да го носи народот во ЕУ, со лица како Александар Филев, познат нивни активист од Радовиш, а воедно и директор на тамошниот меѓу општински центар за социјални работи, кој е поставен таму, лично од Јована Тренчевска. Истиот Александар Филев, на 17-ти овој месец, беше приведен во Штип, од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, поради тоа што, кај него, била најдена и одземена дрога, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бидејќи од СДС не се оградуваат од Александар Филев, треба да дадат одговор, дали пронајдената дрога има врска со високи функционери од власта и кого сакаат да заштитат? Овој хаос ќе престане за неколку месеци. Државата мора да се врати кај народот и повторно да имаме функционална држава. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – се нагласува во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ