ВМРО-ДПМНЕ: Дали изрекетираните 180.000 евра во име на вработен од АНБ требало да завшат кај Асаф Еисин?

Од:

180.000 евра изрекетирани од лице кое се претставувало како вработен во АНБ, во време кога на големо гледаме како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ. Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз. Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС? Многу е јасно и надвор од здрав разум, дека некој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој кој го рекетира без да ја знае позадината на рекетарот. ЈО да не крие и да каже која е заштитата на рекетарот и со кого се претставувал истиот, дали се тоа Заре Милошевски и Миле Зечевиќ? Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт. Никој не е безбеден со оваа криминална банда на власт. Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде на граѓаните. Иднината е во рацете на народот – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми