ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски покрај нафта шверцувал и цигари

Од:

Македонија повторно е скандалозна тема во балканските медиуми. Повторно е обвинета за шверцерско дувло во деведесетите, кога премиер беше Бранко Црвенковски. Вчера видовме дека црногорските медиуми ја посочуваат земјава како место каде што се спроведувал шверцот на цигари.

Ова денеска го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, цитирајќи изјави од црногорскиот неделник „Монитор“ за шверцерски увоз на цигари во време кога претседател на Владата бил Бранко Црвенковски, министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски, а целокупната власт во Македонија беше на СДСМ.

Шверцот на цигари беше јавна тајна, но сега првпат сведочат директни учесници во тој швеерц. Се повеќе луѓе и се повеќе докази дека Македонија под водство на СДСМ беше држава во која се шверцуваше нафта, се шверцуваа цигари и други акцизни стоки, рече Бичиклиски на денешната прес-конференција.

Луѓето знаат дека за вакви дела е веќе настаната застареност за кривично гонење и како што рече, знаат дека Црвенковски само поради застареноста на кривичните дела глуми храброст.

Црвенковски и Фрчковски и директно и индиректно се посочени како учесници во шверц. Тие луѓе треба конечно да си заминат од политичката сцена во Македонија, додаде Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ