ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски ја брука државата

Од:

СДСМ и Бранко Црвенковски не само што самите се брукаат, туку ја брукаат и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата на СДСМ дека лидерот на партијата им пишал писмо на Светска Банка.

„Очигледно Зоран Јовановски губи контакт со реалноста. Овој човек или не ги знае бројките или намерно ги изоставува правејќи политички маркетинг. Но манипулациите и политичкиот маркетинг на СДСМ пред јавноста не можат да ја скријат вистината, а таа е дека Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Македонија е втора земја во Европа која најмалку ја зголемила задолженоста меѓу 2009 и 2012 година. Во периодот од 2007 до 2012 година исплативме скоро 400 милиони евра, долгови кои главно беа направени од СДСМ. Во однос на долговите треба да се знае дека повеќе од половина од средствата што идната година ќе бидат исплатени, се долгови направени во времето на Бранко Црвенковски и СДСМ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ