ВМРО-ДПМНЕ: Црното владеење на СДСМ резултира со политички затвореници и криминал по улиците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„СДСМ ја зацрнува иднината на државата. Власта ги користи политички конструираните случаи против невино обвинети лица за политички пазарења, нешто што го видовме последниот пат при собирање на мнозинство за гласање на уставните измени.

Црната власт се однесува како УДБА од 50 – тите години на минатиот век. Институциите се користат како алатка за политички прогон, а владеењето на правото е дерогирано.

Црното владеење на СДСМ резултира со политички затвореници и криминал по улиците.

Црната СДСМ е виновна и за зголемување на криминалот и на неговото ненавремено расчистување.

Одговорност за овој правен хаос мора да има. Државата не е посед на СДСМ, институциите не се партиска испостава. Одговорност ќе има“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?