ВМРО-ДПМНЕ: Чуму потребата на Спасовски да лаже за два клучни моменти од трагичното двојно убиство- дали со тоа се кријат грешките и пропустите во истрагата?

Од:

Оливер Спасовски излажа за два клучни моменти во истрагата за исчезнувањето и убиството на велешанецот Панче и малата Вања. Прво, возилото на велешанецот Панче било уредно пријавено од страна на семејството кога го пријавиле и исчезнувањето. Оливер Спасовски пред целата јавност манипулираше дека немало пријава за исчезнато возило. Вистината е дека возилото Цитроен било пријавено неколку дена пред киднапирањето на Вања и доколку навремено реагирале институциите до второто кривично дело немало да дојде, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Второ, тоа возило Цитроен било возено низ Скопје од 24 ноември. Било “фатено“ на снимките на Сејф Сити и на 24 и на 25 ноември во околината на населбата Маџари, па дури и на кобниот ден 27 ноември во најобезбедуваниот периметар во Скопје и регионот, околината на хотелот Александар Палас. Спасовски ја излажа јавноста и кажа дека возилото не било регистрирано на системот се до денот кога се случило киднапирањето на малата Вања. Ако по возилото се трагало и ако било евидентирано соодветно од системот на МВР, киднаперите ќе биле фатени уште кога стапнале во Скопје. Чуму е таа потреба на Спасовски да лаже? Дали овие лаги имаат за цел да ги покријат грешките и пропустите во истрагата? Дали Спасовски мисли дека со невистини ќе ја замајува јавноста за да не се види дека неказнивоста и лошата реакција на институциите во комбинација се причината за трагичното двојно убиство“, нагласија од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски