ВМРО-ДПМНЕ: Чистиот воздух и здравата животна средина за која зборува СДСМ останаа само мртво слово на хартија

Од:

„Наместо Петре Шилегов да глуми градинар, да прави спектакли од поместување автобуски постојки и да глуми диџеј време е да сработи нешто.

Чистиот воздух и здравата животна средина за која зборува СДСМ останаа само мртво слово на хартија. Најуспешниот градоначалник што го имаше Скопје, Коце Трајановски само во неговиот мандат засади илјадници дрва и посади илјадници метри квадратни трева, нешто што Петре Шилегов може само да го замисли.

ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не само во Скопје туку и низ цела Македонија со низа на проекти докажа и покажа дека приоритет е здравата животна средина.

Резултатот од четиримесечното неработење на Шилегов се десетиците негови луксузирања во странство и качувањето на Скопје на ранг листите на најзагадени градови. Очигледно воздухот што го ветуваше Шилегов никако да стигне до граѓаните.

Апелираме до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов наместо да се занимава со популизам и празни ветувања конечно да се зафати со работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на Скопје“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал