ВМРО-ДПМНЕ: Целта на затворањето и прогонот е да се пасивизира македонскиот народ

Од:

„Република Македонија го живее еден од најцрните и најнедемокртски периоди од осамостојувањето. Период на политички затварања, монтирани обвиненија и одмазда против секој што гласно се спротиставува на антидржавните политики.

Заев и неговата хунта со тоталитаристички методи се пресметуваат со сите оние кои вистински ја сакаат Македонија. Ги злоупотребуваат институциите и неправедно ги затвараат сите оние кои не се согласуваат со политиките на хунтата.

Глумци, режисери, уметници и архитекти се притвараат за измислен тероризам само затоа што јавно говореа за распродавањето на националните интереси и за штетните државни политики кои во изминатиот период ги спроведува Заев и неговите послушници.

Заев преку груба злоупотреба на полицијата и со жесток притисок кон судството и обвинителството спроведуваат класичен политички линч и сатанизирање на опозицијата, но и заплашување на интелектуалците, за да создадат бришан простор за редефинирење на државата и историјата и да ги срушат темелите на македонската држава.

Сценариото е однапред напишано и добро познато. Затварањето и политичкиот прогон на пратеници, режисери, глумци и уметници има за цел да вреже страв кај македонците, дека секој оној кој ќе го крене гласот и нема да се согласи со антидажавните политиките на хунтата на Заев, ќе заврши во затвор или ќе биде затрупан со кривични пријави и обвиненија по нарачка на хунтата.

Целта е да се се покаже сила за да се пасивизира македонскиот народ. Да се даде до знаење дека секој македонски граѓанин кој јавно нема да се согласува, кој ќе крене глас против антидржавните политики на хунатата ќе заврши во притвор како Дурловски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Јовановски и триесетина други кои без никаков основ ги обвинија за тероризам.

Ваквата неправда нема да трае вечно, а оние кои одлучија Македонија да ја претворат во земја на политички затвореници ќе одговараат.

ВМРО-ДПМНЕ останува заедно со македонскиот народ на улиците во одбрана на демократијата во одбрана на националните и државни интереси. ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците заедно со македонскиот народ до конечно враќање на правната држава и возобновување на демократијата.

Во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање и во знак на поддршка на жртвите на оваа хунта, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ