ВМРО-ДПМНЕ: Целиот настан со пуштањето на автобуската постојка во ГТЦ е за рубриката верувале или не

Од:

„Наместо нови асфатлирани улици, нови паркови и зелени површини, наместо нови водоводи и канализации градоначалникот Петре Шилегов срамно се фали со тоа што пуштил во употреба простор кој ќе биде автобуска станица во ГТЦ.

Во недостаток на вистински проекти Шилегов се посрамоти. Забеганоста оди дотаму што за врвно достигнување во неговата работа се смета просторот наменет за автобуската станица, и згора на тоа организирал и музика. Целиот овој настан спаѓа во рубриката верувале или не.

Ќе му порачаме на градоначалникот Шилегов да ги засука ракавите и да започне со вистинска работа и проекти. Сигурно нема да го врати животот на ГТЦ како што тој вели со нова автобуска станица. По искривената логика на Шилегов, причината поради која ќе заживее ГТЦ е редењето на автобуска станица во ГТЦ, и обезбедувањето на тој начин поголема бројност со луѓе, тогаш по истата таа негова логика и преселувањето на скопското зелено пазарче во ГТЦ би донело уште поголема бројка на луѓе. Но реалноста е дека за заживување на ГТЦ не е потребна автобуска станица, ниту ново пазарче, туку темелна реконструкција“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски