А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска сака да ја партизира и контролира Комисијата за заштита од дискриминација

by А1он25/06/2018 - 16:3925/06/2018 - 16:39138
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Добивај вести на вибер

„Министерката Мила Цароска сака да ја партизира и контролира Комисијата за заштита од дискриминација.

Новиот закон за Спречување и заштита од дискриминација содржи козметички промени, кои можат да се донесат со Измена и дополнување на законот, што ќе значи континуитет на досегашниот, кој е во потполност усогласен со меѓународните стандарди. Всушност во својот извештај за Македонија ЕКРИ телото на Советот на Европа, препорачува измени и дополнување на законот а не донесување на нов закон.

Венецијанската комисија, во своето мислење препорачува да не се менува сегашниот состав на комисијата, бидејќи тоа ќе влијае на независноста на тоа тело за еднаквост, за кое се препорачува да се зајакне. Менување на сегашните членови, според Венецијанската комисија би представувало политички притисок. Според комисијата, доколку тоа се случи ќе може да се претвори во нова пракса, со која секоја промена на власта ќе значи и промена на членовите на комисијата. На тој начин ова тело за еднаквост ќе ја изгуби смислата на неговото постоење. Во препораките се посочува да се изнајде начин, комисијата да се избира со двотретинско мнозинство, за да може да учествува и опозицијата, со што ќе се направи широк консензус и ќе се зацврсне независноста на комисијата. Во заклучоците на венецијанската комисија од четири најважни точки потенцирано е дека промената на сегашниот состав на комисијата ќе претставува сериозен удар врз независноста на комисијата и дека мора да се најде начин тоа да се избегне.

Мислењето на венецијанската комисија е подржано и од Еквинет(тело за еднаквост на ЕУ) со писмо до Министерката за труд и социјална политика и од Европската комисија, која ќе го смета ова како непридржување кон реформите за кои владата треба да се залага“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен