ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот на Министерството за одбрана е во добра кондиција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагиа на брифингот на Министерството за одбрана.

„Буџетот на Министерството за одбрана е во добра кондиција, а четирите договори се поништени на писмено барање на началникот на Генералштабот на АРМ.

АРМ и граѓаните немаат апсолутно никаква корист од манипулациите на СДС и нивната упорна намера да глумат опозиција. СДС ја превзеде одговорноста да го води министерството за одбрана и да ги реализира проектите и реформите кои ги ветуваа за подобрување на статусот на вработените во одбраната.

Вкупниот буџет на Министеството за одбрана заклучно со мај беше во добра кондиција, односно има доволно средства за извршување на сите функции на одбраната. Точно е дека на ставката расходи за дневници за ангажманот на АРМ на јужната граница како и за стражарска служба се потрошени повеќе од планираните и затоа уште во април е побарано пренамена на средства од други ставки. Тоа е техничка операција, која Министерството за финансии, формално треба да ја одобри, бидејќи има доволно средства на другите ставки на буџетот.

Во поглед на трошоците за мебел, како што и е познато на јавноста во март оваа година се пушти во употреба новиот дограден 3 спрат на Министерството за одбрана и сосема нормално е да се набави нов мебел за над 50-тина нови канцеларии. Сите средства од буџетот се потрошени за подобрување на условите во кои работат лицата во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Ниту еден денар не е потрошен за опремување на кабинетот на министерот за одбрана, заменик министерот, ниту пак советниците на Министерот.

Во поглед на четирите договори за модернизација кои беа поништени тоа е сторено врз основа на две писмени барања на началникот на Генералштабот на АРМ. Опремата што требаше да се набави со овие договори, беше во согласност со спецификациите добиени од Генералштабот на АРМ. Ова е потврдено од извештаите на Комисиите за техничка евалуација на добиените понуди, составена од официри од АРМ. По финансиската евалуација беа потпишани гореспоменатите договори со најповолниот понудувач. Со цел да се надминат дополнителните промени што ги побара Генералштабот на АРМ се реализирани над 10-тина состаноци на претставаници на ГШ на АРМ и Елбит во периодот од септември 2016 до мај 2017.

По двете писма добиени од началникот на Генералштабот на АРМ и состаноците со компанијата која беше избрана како најповолна, беше очигледно дека ГШ на АРМ не беше подготвено да влезе во последната фаза, односно имплементација на договорите. По извештајите на работните групи за имплементација на договорите на последните средбите на 28 и 29.05.2017 година беше донесен заклучок дека е најдобро да се поништат овие договори. Со компанијата Елбит беше договорено дека нема да има никакви негативни финансиски имликации врз Министерството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, односно планиран е раст со мерка додека претходната влада трошеше без мерка

Стојаноска: Со Предлог буџетот за 2026-та година се подобруваат социјалната заштита и пензиите

Бојковска: Овој Предлог-буџет ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат