ВМРО-ДПМНЕ: Брндевски е само маска на богатењето на кланот Заеви

Од:

„Зоран Заев призна дека осмина од градежното земјиште што го продал за скоро 700.000 евра на струмички бизнисмен завршило по цена од еден стан од 40 м2 во рацете на Вице Заев.

Зоран Заев не треба да бега од одговори и да каже како неговиот брат купува осмина од земјиште вредно 700.000 евра, за еден стан во зграда чија вкупна станбена површина е речиси 7000 м2?

Надвор од секоја економска логика е отстапување на земјиште, на кое е предвидено зграда од 7000 м2 за само еден стан од 40 м2. Ова нема никаква бизнис логика, ама затоа има логика во математиките на Заеви.

Ова фрла сомнеж дека бизнис партнерот на Заеви, Сашко Брндевски е само параванот зад кој се кријат бизнис интересите на власта. Брндевски е само маска на богатењето на кланот Заеви.

Овој криминоген модел кој Заеви го патентираа во Струмица, сега го спроведуваат во целата држава. Ова е канцерот кој метастазира и ја зафаќа целата македонска економија.
Оваа злоупотреба мора да запре. Институциите, државните ресурси и парите на граѓаните не смеат да се користат за лично богатење на поединци од картелот. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски