ВМРО-ДПМНЕ: Браќата на Филипче и Заев по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС

Од:

Браќата на Филипче и Заев се партнери во бизнис, по брза постапка направиле соларна централа во време на СДС. 1.5 мегавати е соларната централа која Никола Филипче, брат на Венко и Вице Заев, брат на Зоран ја направиле во Дојран. За да ја направат соларната централа браќата на Филипче и Заев требале да го пренаменат и земјиштето, како и да добијат одобрение за градба потоа, сетоа тоа го завршиле во законски минимални рокови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога се работело за Филипче и Заев институциите водени од нив трчале низ процедурите. Овој бизнис на браќата на Филипче и Заев е тежок четврт милион евра годишно. За да го остварат овој бизнис тие неколку пати требало да добијат позитивни мислења од државните органи со кои управувале нивните браќа. И Филипче и Заев и нивните семејства се богателе додека биле на власт, затоа велиме дека оставиле ограбена држава“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал