ВМРО-ДПМНЕ: „Бонбона бизнисот” на СДСМ донесе поскапа струја

Од:

Покачувањето на цената на струјата не е резултат на недостигот на инвестиции во енергетиката, бидејќи инвестиции во овој сегмент има и тие не запираат дури и во период на глобална економска криза.

Повисоката цена на струја е резултат на продажбата на ЕВН на ЕСМ и преносот на државниот монопол во рацете на приватен сопственик што го направи СДСМ, или како што ќе каже Радмила Шекеринска тоа е “бонбона бизнисот” на СДСМ. Токму тој “бонбона бизнис” на СДСМ, на граѓаните им донесе поскапа струја.

Во однос на инвестициите во енергетиката, сите Влади на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години имаат инвестирано над 940 милиони евра, што е двојно повеќе од сите влади на СДСМ.

СДСМ има проблем да објасни како ги трошеше парите во нивно време. Само за споредба за нивниот директор на ЕСМ Панде Лазаров, постои правосилна пресуда за проневера, во времето кога ја вршеше функцијата директор, стои во писменото соопштение од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?