ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ и Шилегов ги оставија Скопје и Центар речиси еден час под вода

Од:

„Откорнати дрвја, причинета материјална штета, поплавени улици и домови на граѓаните ваква е сликата денес од Центар после неколку минутен дожд.

СДСМ е 5 години власт во општина Центар и низ раце им поминаа повеќе од 100 милиони евра и сепак не успејаа да ја средат атмосферската канализација и да го подоборат работењето на службите.

Богдановиќ и неговиот партиски другар Шилегов го оставија Скопје и Центар речиси еден час под вода.

Дали Богдановиќ вака си замислува најурбаната општина во Република Македонија која по само неколку минутен дожд плива под вода.

Апелираме до Општина Центар и до Богдановиќ да ги стават на располагање сите ресурси и да им излезат во пресрет на сите граѓани. Вакви сцени како од африканските држави се недозволиви. Ветувањата на Богдановиќ беа дека Центар ќе биде урбана и модерна општина по теркот на урбаните центри низ Европа.

Овие слики денес ни го покажаа сосема обратното. За ваквата ситуација најдиректно е одговорен Богдановиќ и СДСМ.

Центарци заслужуваат градоначалник кој ќе биде тука за нив и ќе ги решава нивните проблеми но не заслужуваат градоначалник како Саша Богдановиќ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ