ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување и парите пропаднале

Од:

Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале. 3.000 евра народни пари се фрлени низ ветар од страна на Бисера Антоанета на 5.2.2022 година кога со службена картичка платила три карти за Дубаи, патување на кое не заминала. Се поставува прашањето како е можно Министерка за култура да не знае дали може да оди на некој настан или не? Па до последно да се спрема, да плаќа и на крај воопшто да не оди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку патувањето во Дубаи било важно зошто не заминал некој друг од Министерството кој можел? Или пак станува збор за приватна прошетка на Антоанета, која не знаела каде попрво да замине па и пропаѓале карти? Бисера Антоанета да одговори дали патот за Дубаи кој го платила 3000 евра со службена картичка, а на кој не заминала бил всушност план за приватна прошетка? Денес продолжуваме до нови детали и нови случаи на платени авионски карти за патувања, на кои Антоанета потоа не заминала“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?