ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не сакала да патува со автомобил до Цетиње и го ангажирала службениот авион за 1.700 евра

Од:

Чорапи, хулахопки, мечиња, топки, ручеци, вечери, изнајмување на станови, шетање на пријателки, па и авионски карти кои не се користени… За сето ова и за многу други работи Бисера Антоанета трошела народни пари без воопшто да не и гајле дали ја претставува државата. Очигледно единство и било приоритет да се грижи за личните интереси и за личниот џеб. Бисера Антоанета никако не сопирала со нејзината алчност и непромисленост, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бисера Антоанета одела дотаму што ангажирала владин авион за пат до Црна Гора поточно во Цетиње. Бисера Антоанета многу чудно, но очигледно тактизирала со 12-те дена пред настанот кога бил стигнат дописот за истиот. Па така правејќи се дека не знае издејствувала авион за два дена за да патува до Цетиње, Црна Гора.
Бисера Антоанета за таа цел платила 102.347 илјади денари или околу 1700 евра кон владината Служба за општи и заеднички работи. Инаку поканата во кабинетот на Бисер Антоанета стигнала 2 декември 2022 година, а таа реагирала по 12 дена. Зошто само таа знае, но јасно се надзира зошто е тоа така. Но, јасно е е и дека таа можела да замине со службено возило што е многу поевтино. Бисера Антоанета треба да одговори на многу прашања, за хулахопките, мечињата, неискористените авионски карти, како и за ова патување на толку кратка релација. Бисера Антоанета е само еден од многуте случаи од СДС, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?