ВМРО-ДПМНЕ: Бедно оправдување на Бисера Антоанета, ова е само почеток, утре продолжуваме

Од:

Од сите бедни оправдувања Бисера Антоанета го одбра најбедното или според народната „оваа дупка не е дупка“.Ако не беше трагично сигурно ќе беше многу смешно. На ваквото бедно оправдување на Бисера Антоанета не веруваат ни малите деца. Фактите се дека Бисера со народни пари купила куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари. 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023. Од Gift Galore London, за 89 фунти, Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football. Ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?