ВМРО-ДПМНЕ бара директен пренос на Комисијата за уставни прашања

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара директен пренос на Комисијата за уставни прашања.

„Во процес сме на уставни измени, бараме да се создадат услови за јавноста да ја следи дебатата преку директен пренос“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери образложи дека е доволно што се присутни медиумите. Потоа по барање на ВМРО-ДПМНЕ седницата беше прекина, со најава дека ќе продолжи за еден час.

Со денешната расправа на Комисија за уставни прашања за четирите нацрт-амандмани, уставните измени влегуваат во втората фаза. Расправата ќе трае во следните 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа за 1 декември.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска