ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче – ги лажира бројките на починати од корона

Од:

Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот. И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата. Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат. И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта. Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт. Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски