ВМРО-ДПМНЕ: Активист на СДС и директор од Радовиш во алкохолизирана состојба нападна полицајци

Од:

Александар Филев, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој минатиот месец, во Штип беше фатен и приведен од полицијата, за недозволена трговија со дрога, повторно со нов испад, овој пат со напад на полицајци, во алкохолизирана состојба, во полициската станица во Радовиш. На 8.3.2024 година во 19:15 часот во ПС Радовиш, е приведено лицето Филев Александар, актуелен директор на ЦСР Радовиш, во врска со пријавен настан за нарушен јавен ред и мир, кој бил видно под дејство на алкохол и во ПС Радовиш, упатил закани, кон двајца полициски службеници, како и кон нивните фамилии и во 20 часот е лишен од слобода, за кривично дело, загрозување на сигурноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи. Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ? Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава. Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?