ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС се против фашистичкиот клуб Цар Борис, нека го поддржат нашиот предлог закон

Од:

Ако СДС се против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

Оттаму додаваат дека законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи и регулирање на постоечките клубови со цел промена на фашистичките имиња.

„Ако СДС е против клубовите со фашистички имиња, тогаш нека го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. СДС всушност дозволи да се отворат клубовите и не направи ништо тоа да се спречи. Власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија која е резултат на политиките на самата СДС.

Изјавите на Заев дека македонскиот и бугарскиот јазик и народ се исти, се изјави кои долгорочно ги поткопаа македонските позиции. Тие иако целосно неточни, ги подгреаја апетитите на шовинистички кругови и ја заострија нивната реторика. Политиките на СДС и нанесоа трајна штета на државата“ обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ