ВМРО-ДПМНЕ: Ако Магаш е криминалец дали и Андов и Љубчо се криминалци?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на СДСМ.СДСМ , велат, два дена се мачи да најде оправдување за тврдењата на Љубомир Магаш дека Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски биле директни учесници во договарањето на шверц на нафта во Македонија.

„За тоа дека постоел шверц не сведочи само Магаш, туку сведочат и СтојанАндов и Љубчо Георгиевски во многу своиизјави, тие денес се коалиција на Бранко Црвенковски. Го прашуваме СДСМ, акоМагаш лаже и ако Магаш зборува само затоа што е криминалец, дали и Андов и Љубчо лажат и дали и тие зборуваат само заради тоа што учествувале во криминал? Ако Магаш е криминалец дали Андов и Љубчо се криминалци исто така? “, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Точните факти, точните датуми, точните имиња на луѓето, точните локации на ресторани и хотели, каде се одржувале овие средби се податоци и аргументи, кои велат, не можат да се избришат.

„Колеги од СДСМ не се обидувајте да ја отргнете одговорноста со мачо изјави и шегаџиски прес конференции, зошто тоа не е одговорно однесување. Понесете ја моралната и политичката одговорност и конечно дајте одговор, зошто додека сите држави од Централна и Источна Европа се занимаваа со реформи, со брзо напредување на економијата и странски инвестиции, лобирање за интегрирање во НАТО и ЕУ, државното раководство на Македонија се занимавало со шверц, приватизација и партизација? Додека истите луѓе ја водат СДСМ што ја водеа државата во деведесеттите години никогаш неможете да ја тргнете одговорноста од себе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ