ВМРО-ДПМНЕ: Администрацијата ниту работи слободно ниту е имуна на притисоци

Од:

„Администрацијата е под притисок на политиката „Ќе јадеме живи луѓе“ на СДСМ.

Манчевски јавно призна дека СДСМ ги прекинала сите договори за привремено вработување кои ги затекнале, за сега да склучува нови.

Единствената реформа на администрацијата што ја спроведува СДСМ и Владата на Зоран Заев е како повеќе да вработат партиски кадри во државната и јавната администрација.

Единствениот предизвик со кој се соочува СДСМ во овој момент е како да избркаат што е можно повеќе луѓе од работа.

Администрацијата ниту работи слободно ниту е имуна на притисоци.

Администрацијата на СДСМ стана легло на непотизам, на роднински и пријателски вработувања на речиси сите нивоа во државниот и јавниот сектор.

Наместо СДСМ да ја замајува јавноста и да и продава демагогија да даде одговори на тоа како братот на градоначалничката на Битола е избран за наставник. СДСМ треба исто така да даде одговори како градоначалниците на Берово и Неготино по кои основи и по кои критериуми си ги вработија нивните сопруги.

Ако ова е професионална, непартиска и квалитетна јавна администрација тогаш СДСМ има проблем со реалноста.

Администрацијата во овој момент не само што не работи слободно туку работи во интерес само на партијата на власт.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да престане прогонот и реваншизмот врз вработените во јавната и државната администрација.

СДСМ мора и треба да ги остават вработените во државниот и јавниот сектор да си ја работат својата работа професионално и без притисоци“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски