ВМРО-ДПМНЕ: 24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде

Од:

24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари. 24 милиони за километар железница е најверојатно новиот рекорд во светот, а го држи нај корумпираната влада на планетата кока некогаш постоела, таа на СДС и ДУИ, говори најновиот извештај на ДЗР. Имено 560 милиони евра е целата проекција за 23.4 километри железница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која треба да дислоцира стотина куќи и која завршува во тунел кој не води никаде, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– За цената по километар да стигне 24 милиони евра, се погрижила владата на СДС и ДУИ кои цената на проектот ја дигнале од 340 милиони евра на 560 милиони. Фрапантно и без одговорност се трошени народни пари и на автопатот Кичево – Охрид кој едвај е помрднат од состојбата во која е оставен од ВМРО-ДПМНЕ, а за кој финансиската конструкција е проширена за нови над 180 милиони евра. Пари се трошени, а резултат нема. Нема проект за кој СДС и ДУИ не додавале милиони, а истиот да е реализиран. Каде оделе десетици и стотици милиони евра е работа со која треба да се занимава ЈО и која не смее да остане не истражена – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?