Влошена состојбата кај тројца од деветтемина пациенти со коронавирус на Инфективната клиника

Од:

Тројца од деветтемина пацинти со коронавирус на Инфективната клиника од утрово имаат лесно влошување на состојбата, извести министерот за здравство Венко Филипче. Тројцата се во повозрасната категорија, над 65 години.

„Имаат тешкотии со дишењето но не се ставени на механичка вентилација. Останатите се со лесна клиничка слика“, рече министерот Филипче.

Утрово уште еден пациент се јавил за тестирање на коронавирус. Се вратил од Германија на седми март, здрав, а утрово се јавил на клиниката со температура.

Филипче информираше и дека вчера била назначена нова директорка на Клиниката за дерматовенерологија, откако претходно беше разрешена Нина Цаца Биљановска, кај која беше детектиран коронавирусот откако таа се врати од Италија, а не се придржуваше до препораките за самоизолација.

Останатите вработени на Клиниката и пациентите кои се во самоизолација се во добра здравствена состојба, информираше министерот за здравство.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

(ВИДЕО) Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!