ВЛЕН: За само 11 месеци владеење, ја подобривме економијата во Македонија

Од:

За само 11 месеци владеење, ВЛЕН ја подобривме економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани.
Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан, велат од ВЛЕН.

„300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени. 35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус “Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади. 20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот “Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.

250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување. Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор. Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци. Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.

720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе. Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина“, тврдат од коалицијата ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Вреди е измама, е „политичкиот Франкенштајн“ на Мицкоски, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Фазлиу: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Влен: Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства