Влен: „Српскиот свет” го носи печатот на ДУИ

Од:

ДУИ е партија во чиј мандат границите кон Србија беа широко отворени, се воведуваа брзи ленти и проток, додека кон Косово, нашиот најблизок сосед, останаа затворени за вистинска економска и политичка соработка, велат од Влен.

„Во годините кога ДУИ беше дел од сите влади, се воспоставуваа и одржуваа секојдневни директни линии со Белград, економски, политички дури и безбедносни. Истовремено, со Косово, со кое делиме заедништво, јазик, култура и заедничка иднина во евроатлантските интеграции, врските беа запоставени, формални и без стратегиска поддршка.

ДУИ го претвори Белград во прва адреса за разговор и договарање, додека Приштина беше оставена на маргините. Наместо да ги отворат економските коридори кон Косово, тие ги отворија кон Србија; наместо да ја интензивираат трговската и деловнаа размена со Косово, тие дозволија српскиот капитал и сомнителните бизниси да доминираат на македонскиот пазар. Редовни беа ручеците и вечерите на кои Али Ахмети и Бујар Османи беа добредојдени од српскиот Претседател Вучич.

Јасно е на сите дека ваквата политика не е случајна. Таа е резултат на свесни одлуки и избори на Али Ахмети, Бујар Османи и ДУИ, кои во континуитет го зацврстуваа „српскиот свет“ во Македонија, а ја запоставуваа природната и неопходна соработка со Косово. Отворен Балкан им беше најзначајна иницијатива во надворешната политика.

ВЛЕН повикува:
ДУИ да ги објави сите средби на функционерите на ДУИ со српски претставници;

ДУИ да објасни зошто економската и политичката соработка со Косово беше намерно ограничувана;

ДУИ да престане да се противи на стратешката агенда за партнерство со Косово, како наш клучен економски и безбедносен партнер во регионот.

Граѓаните заслужуваат надворешна политика што ќе ја гради Македонија како мост кон своите пријатели, а не како порта за интересите на сомнителни центри на моќ, нагласуваат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Меџити: Наша обврска е на учениците да им овозможиме што подобри услови за учење и развој

Влен: Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби