Раководството на ДУИ не би прошло ниту на ветинг за чувари на земјоделска задруга, а камо ли на ветинг за броба против корупција или борба против соработници на тајни служби, велат од Влен.
„Секогаш кога ДУИ не знае како да се одбрани од јавноста и нејзините прашања за криминалот на водечките луѓе во ДУИ, од ракав и заборав ја вади истата тема, ветинг. ДУИ мислат дека ако викаат гласно и често за ветинг, луѓето ќе заборават какви криминалци се тие. Секогаш кога се фатени во тесно, кога јавноста дознава за нивните криминали, корупциски зделки и сомнителни врски, ДУИ ја мафта празната парола “ветинг“, не како алатка за правда, туку како политички чадор за амнестија.
Доколку навистина сакаа ветинг зошто не го спроведоа за 20 години додека беа на власт? Што им сметаше и пречеше? Или ваквите големи идеи ги чува за во опозиција, а кога е власт се занимава со тендери, фотоволтаични централи, трговски центри, печатници и пари.
ДУИ нема одговор зошто и денес, кога имаат можност, не започнуваат ветинг внатре во својата партија и коалиција.
Ветинг за Али Ахмети и имотот на неговата фамилија, за фирмите на деца, внуци, зетовци и сватови, за скапите и луксузни коли, централи, трговски центри!? Зошто не кажат низ процес на ветинг колкаво е тоа богатсво на луѓето околу Ахмети!?
Ветинг за Артан Груби, казино бизнисот низ Македонија, лиценците за казина на подземјето од Србија и Црна Гора, купувањето на слот апарати од државен буџет, неговот бегство и конечно неговото место на со американската црна листа!?
Ветинг за Бујар Османи и аферите од кој не може да избега: неговата улога и средби со српскиот свет, случајот „Пациент“ на СЈО и неговото повлекување, набавките, екстремно високите трошоци за ОБСЕ самитот, неговата поддршка за Отворен Балкан и средбата со Лавров!?
Ветинг за Арбен Таравари и неговите лиценци за канабис во Гостивар, тендерите за братучедите, “Ѓока Констракшн“ и евтината куќа во Тафталиџе!? Ветинг за Блерим Беџети и неговите згради низ Сарај, финансиските трансфери од скопските јавни претпријатија кон негови луѓе и искрената и длабока соработката со Сашо Мијалков и Никола Груевски!?
ДУИ нека не се грижи. Ветингот доаѓа. И тоа најсилниот, народниот. На локалните избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг: ќе ги испратат во политичка пензија сите кои ја злоупотребуваа власта за лично богатење, тврдат од Вреди.