ВЛЕН: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ

Од:

Синоќа, со големата поддршка која ја доби претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, уште еднаш се докажа дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема никакви знаци на колебање. Покрај тоа, оваа интерпелација го изнесе на површина и новиот коалиционен блок за дестабилизација на државата, Левица-СДСМ-ДУИ, велат од Влен.

„Всушност, Левица е само врвот на ледениот брег и портпарол на еден поголем проект на оваа тројка, кој има за цел дестабилизација на државата. Како што и самите претходно изјавија, а сега веќе и се докажува на дело, иницијативата за интерпелација, со толку меѓуетничка и меѓурелигиска говорна омраза, зборува за координација и соработка меѓу оваа тројка во плановите за дестабилизација и предизвикување на тензии, зошто да не и меѓуетнички инциденти во Македонија. Сепак, оваа интерпелација беше уште една причина за хомогенизација на коалицијата ВЛЕН, но и на владејачката коалиција, докажувајќи стабилност и цврстина наспроти мрачните планови кои се кројат во анти-НАТО и анти-ЕУ кујни. И покрај намерата на интерпелацијата да предизвика забуна и дестабилизација, таа повеќе придонесе за освестување на владејачкото мнозинство и за внатрешна кохезија, докажувајќи дека овие иницијативи се осудени на неуспех. Во оваа прилика изјавуваме дека коалицијата ВЛЕН, во соработка со меѓународните сојузници, нема да дозволи овие дестабилизирачки проекти да се реализираат и да го оштетат стратешкиот евроатлантски правец на Северна Македонија“, велат од коалицијата.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски