Влен: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ

Од:

Постигнатиот договор помеѓу Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција под раководство на Ислам Абази (за чие назначување недоверба изрази и нашиот стратешки сојузник) и Иџет Мемети, поранешен член на Советот на јавни обвинители и една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ, е најјасниот доказ зошто граѓаните имаат доверба во правосудниот систем од само два проценти, се вели во соопштението на Влен.

Коалицијата ВЛЕН ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем, и со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба. Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја. Оваа недоверба е рефлексија на систем кој повторно и повторно не успева да обезбеди вистинска правда за своите граѓани, штитејќи ги повеќе интересите на моќниците и на оние поврзани со поранешната власт. Коалицијата ВЛЕН бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Северна Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството“, велат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: Нема да молчиме пред клеветите, тука сме да ја изнесеме вистината на виделина

Влен: ДУИ е разочарана, пропадна планот да го поништат Законот за јазиците

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

Влен: Одлуката на Уставниот суд за Медресата – пораз за Али Ахмети и ИВЗ

Горан Наумовски

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите и ќе делува како еден политички субјект

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски