Влен: Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик

Од:

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, велат од Влен.

„Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги и без трајна опрема која требаше да остане во државна сопственост. Тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства. Сѐ ова потсетува на времето кога Бујар Османи беше Министер за здравство и кога исто така доби негативен извештај од Државниот завод за ревизија – со забелешки за незаконски постапки и сомнителни исплати. И тогаш, наместо одговорност, судството го амнестираше. Некоја структура во државата очигледно го штити и негува Бујар Османи како свој миленик.

Денес гледаме повторување на истиот шаблон, судството и обвинителството повторно молчат. Ако беше било кој друг граѓанин, ќе одговараше и за сообраќајна казна. Но за Бујар Османи, изгледа важат други правила. Очигледно е дека е под нечија заштита, а тоа значи само едно, дека е должен некаде, а тоа не се Албанците или граѓаните на Чаир. ВЛЕН јавно потсетува дека Јавното обвинителството има законска обврска да отвори случај по негативен извештај на Државниот завод за ревизија. Ако тоа не се направи, ќе биде втор пат како институциите свесно го амнестираат Бујар Османи за исти сомнежи и злоупотреби. Граѓаните заслужуваат вистина, отчетност и правда, а не политички имунитет за оние што ја злоупотребиле државата за лични цели. ВЛЕН останува гласен и доследен: нема да дозволиме да се прикриваат злоупотреби и ќе бараме одговорност до крај, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ВРЕДИ: Со обединувањето во единствен политички субјект ја зацврстуваме позицијата на политичката сцена

Предраг Петровиќ

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Вреди: Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер

Горан Наумовски