ВЛЕН: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”

Од:

После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори.

Ова е апсурдно, реагираат од ВЛЕН.

Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и Липково.

Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од „референдумот“, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката.

Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт.

А што се однесува до „ветингот“ што тој денес го бара, тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого и понатаму тврди дека е „чист како солза“.

Затоа, пред да побара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша:

Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него?

Затоа што времето на Газиместан заврши. ВЛЕН е сегашноста. ДУИ е минатото, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Давор Мацура директно ги има купено акциите од сватот на Али Ахмети

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски вети бесплатен, а не субвенциониран оброк за учениците од септември

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ