Влен: Минчев да ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци

Од:

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на анти-Албанска доктрина. Брзо ќе дојдат локалните избори каде повторно ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово, велат од Коалицијата Влен.

„Очекувавме дека Министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација. Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува. Истовремено, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сеуште нема пристап за Албанците. Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Сулејмани: ВРЕДИ изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција

ВЛЕН: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа!

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски