Влен: Каде е Дрин Ахмети и дали е точно дека одамна е спроведен надвор од државата?

Од:

Изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ, се вели во реакција на коалицијата Врен.

„Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен за профитирање од криминални коцкарници преку интернет. Од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандали од различни институции поврзани со кадрите на минатата Влада. Се однесувале буквално како државниот буџет да бил приватно чекмеџе кое треба да ја задоволува нивната алчност. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги – дека час поскоро ќе вратат на власт.

Продолжува нивното политичко слепило со кое упорно се обидуваат да ги направат Албанците штит за политичката корупција на нивните перјаници кои сакаат да уживаат во нелегално стекнатиот имот. Ова раководство на ДУИ уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците се уште им веруваа дека навистина се борат за нивните права. Времето на тие заблуди одамна заврши. Допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси. Бидејќи Ахмети и Села упорно ја игнорираат пораката на Албанските гласачи од 8-ми мај, ќе добијат уште погласна и појасна порака на локалните избори следната година.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Меџити: Наша обврска е на учениците да им овозможиме што подобри услови за учење и развој

Влен: Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби