Додека ДУИ беше власт се изградија нула километри на автопат во западна Македонија. Граѓаните, Албанците, особено во западна Македонија, добро знаат дека не се градеше ништо додека ДУИ беше власт: Нула километри нов автопат во западна Македонија. Две децении се асфалтираше кон Крива Паланка, кон Кочани, автопат се направи кон Штип, се градеше пат кон Радовиш и Струмица и се догради автопатот Скопје–Гевгелија, додека трасите кон Кичево, Струга и Гостивар беа оставени да ќутат во прашина. Ништо не се градеше додека ДУИ беше власт. Не се градеше кон Блаце, не се градеше кон Ќафасан, не се градеше патот од Кичево до Струга, патот до Гостивар и понатаму беше трагедија, сè беше запрено. Наместо багери, гледавме само ленти за сечење и прес-конференции за „историски почетоци“. Гол популизам, велат од Влен.
„Гледавме фотосесија наместо работа. Коридор 8 десет години служеше за фејсбук-албуми на министри, без никаков напредок на терен.
ДУИ е нервоза затоа што гледа дека Коридор 8 конечно се гради. Граѓаните сега ќе направат разлика. Првиот дел од автопатот Кичево–Охрид (Врбјани – Песочан) е веќе пуштен во сообраќај и тоа е прв нов километар автопат во западна Македонија по 30 години ветувања.
Ако возите од Тетово за Струга ќе видите машини на секој чекор. Од Тетово до Струга се работи секој ден; булдожери, камиони и асфалтни бази ги заменуваат фото-сесиите на ДУИ.
Доста со присвојување. Коридор 8 е стратешки државен проект, финансиран од сите даночни обврзници и поддржан од евро-атлантските партнери, не од партиски каси. Вие се сликавте, ние го градиме, граѓаните ќе знаат да го ценат тоа.
Фактите зборуваат. Додека вие сликавте камења, ние ги движиме машините и асфалтните камиони. Прашина има – но овојпат е од работа, не од заборав.
Граѓаните паметат. 20 години сообраќаен застој не се бришат со едно соопштение и патетика пред камери.
ВЛЕН ќе продолжи да ја турка изградбата на Коридор 8 и сите останати проекти што го поврзуваат западна Македонија. Времето на лажни стартови заврши, започна времето на вистински километри, вистински мостови и вистински економски развој, тврдат од Влен.