Повеќе од две децении на власт, ДУИ не презеде никакви вистински мерки за да обезбеди правична и соодветна застапеност и достоинство за граѓаните. Иако ветувањата беа бројни и повторувани, се остана на пропагандно ниво. Наместо решение, ДУИ изгради манипулативен систем со т.н. Балансeр, кој го користеше за контрола на администрацијата и залажување на граѓаните со празни бројки. Ветувања за законски реформи беа дадени само за кампањата, но никогаш не беа спроведени. Во мандатот 2020–2024, како дел од кампањата „Време за првиот премиер Албанец“, ДУИ вети конечно решение за правична застапеност, наведувајќи го ова меѓу своите пет клучни проекти, во случај Насер Зибери да стане премиер. На страница 65 од Изборната програма, тие се обврзуваат да го изменат Законот за административни службеници, изменат Законот за вработените во јавниот сектор, етничката графа на уверенијата за државјанство, изменат Законот за регистрација на матични книги, со цел да се додаде колона за етничка припадност, велат од ВЛЕН.
„Дури и во подоцнежната програма на „Европскиот фронт – Европа 2030“, ДУИ продолжи со измамничката реторика, изјавувајќи дека „практиката на вработување ќе се унапреди со користење на законскиот механизам на Балансерот, иако беше повеќе од јасно дека Балансерот не успеа како механизам. Во меѓувреме, со Стратегијата за реформи на јавната администрација 2023-2030, која подоцна беше одобрена од Владата од која ДУИ беше дел, Балансерот беше истакнат не само како алатка што донесе бројни злоупотреби, туку и нееднаквост и корупција, и дека наместо да биде инструмент за вработување на граѓани од етничка припадност, им даде приоритет на партиските списоци за вработување, списоците на пријателства или дури и разни други манипулации.
На оваа стратегија беше нагласено: „…таканаречената алатка “Балансер“, во пракса, предизвика бројни злоупотреби. Мора да се примени принципот на соодветна и правична застапеност на членовите на заедницата. Со објективни критериуми и процедури на отворен конкурс за избор на најдобар кандидат, спроведен од професионалци од администрацијата кои поседуваат висока експертиза и интегритет, ќе се создаде штит од политичко влијание“. Дури и во извештајот за скрининг од страна на ЕК, за Кластер 1 (Фундаментални вредности), на остар начин беше нагласено дека механизмот „Балансер“, кој го одредува процентот на застапеност на вработените во јавниот сектор од секоја етничка група „веќе не ги исполнува целите и дека формулата не ги одразува податоците од пописот на населението што живее во земјата“.
Четири последователни години (2020–2024), ДУИ не само што не исполни ниту една од овие обврски, туку продолжи да го злоупотребува озлогласениот Балансер за партиски придобивки, без да преземе никакви законски реформи. Во меѓувреме, денес, на 24 јуни 2025 година, 24 години по Охридскиот договор, ВЛЕН го носи Законот за правична и соодветна застапеност, историски чин што затвора долго поглавје на политичко лицемерие и го отвора патот за правно загарантирана застапеност, со јасни извршни механизми и конкретни рокови за имплементација. Овој закон не е само административна реформа, туку е клучна неисполнета алка во Охридскиот договор што веќе се исполнува. За прв пат, правичната застапеност повеќе нема да остане предизборен слоган, туку ќе стане составен дел од уставниот и извршниот поредок на државата, тврдат од ВЛЕН.