ВЛЕН: ДУИ нон грата не се навикнати на добро владеење, многу лошо ја доживуваат промената

Од:

Партијата нон грата ДУИ која 20 години заробената држава го претвораше во уметност, денес глумат моралисти и сакаат правда?! Ова е најголемиот апсурд на деценијата! Станува збор за партијата која го претвори судството во подружница на ДУИ, каде одлуките не се носеа во судници, туку во партиски канцеларии. И сега овие “професори за корупција“ ја обвинуваат власта за заробување на државата. Заробувањето на државата се појави како концепт во извештајот на Прибе за да се опише владата Груевски-Ахмети, влада која протера илјадници Албанци од земјата, со бројни политички монтирани случаи и неправди, велат од ВЛЕН.

„Заробувањето на правдата од нив може да ја прикажеме со имиња – Џелал Бајрами, Барлет Џафери, синот на Талат Џафери, Иџет Мемети, и многу други. Како може обвинителството на Ислам Абази да даде став за ослободување на осудените на 27 април и во исто време нон грата ДУИ, да не обвинува за заробување на државата?! Кому му прават црн хумор овие?! Затоа, предлагаме нон грата на ДУИ да го повикаат најновиот жител на црната листа Артан Груби како “експерт“ за ослободување на државата.

ДУИ нон грата не се навикнати на добро владеење, па многу лошо ја доживуваат ПРОМЕНАТА. Вие што на вашиот грб ја имате трагедијата на Модуларната болница во Тетово, а уште имате лице за неосновани обвинувања. Вие што ја пополнувате американската црна листа, вие што ги срамите Албанците. Нон грата партијата нема што да и понуди на албанската политичка сцена, освен црна и деструктивна политика. Вие сте дел од црната историја на Албанците. Партијата нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место. Коалицијата ВЛЕН најавува дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност