Влен: Абази мајка за Ахмети и Јахоски, маќеа за Бектеши

Од:

Не случајно народот вели “Парите дупчат каде ниту бургијата не може!”. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија, велат од Влен.

„За него не е важно што негови луѓе набавувале токсичен мазут во износ од 160 милиони евра и труеле цела нација. Преку послушникот на кичевскиот клан, Ислам Абази, прави се’ што може да го спаси од притвор лицето А.Ј. со кауција од 2 милиони евра. Клучното прашање е зошто, на пример Дрин Ахмети не депонира кауција за поранешните министри на неговиот вујко? Или, нивните маки и маките на нивните семејства се неважни за Ахмети? Уште еднаш предупредуваме дека определбата на Ахмети е да предизвика политичка криза која би резултирала со предвремени парламентарни заедно со локалните избори. Нему очајно му треба “Пржинска Влада” во која преку МВР со кое би раководела опозицијата, би се направило се’ за да се уништат доказите против поранешните корумпирани кадри на ДУИ. Затоа, не сакаат само локални избори, бидејќи влегуваат во сигурен катастрофален пораз“, тврдат од Вреди.

Би можело да ве интересира

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Влен: Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства

Меџити: Гласот на еден млад човек е една од највредните работи во демократијата

Детектор за лаги треба под итно да се инсталира во штабот на ДУИ во Мала Речица, велат од Влен

Горан Наумовски

ДУИ за 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините, велат од Влен