Влен: 20 години ДУИ ја користеше администрацијата како гласачка машина

Од:

Дваесет години, партијата на Црната листа (ДУИ) ги држеше Албанците на дното на административната скала и ги користеше само како гласачка машина. Денес, кога Владата конечно отвора можности и за Албанците, да се вработуваат и да напредуваат, токму ДУИ е првата што крева паника, велат од Влен.

На ДУИ не им пречи вработување во администрацијата, им пречи вработување на Албанци. Им пречи затоа што им паѓаат во вода сите лажни тврдења против Влен.

Истата партија која ги држеше Албанците на минимални работни места сега глуми грижа за системот, затоа што конкурси конечно се отвораат и за младите Албанци. Сопствената власт ја градeа врз жртвување на албанскиот интерес. За фотелја повеќе, ДУИ прифаќаше политики што директно ги уназадуваа нашите општини, училиштата и болниците.

Не сакаат никој Албанец да ги реши егзистенцијалните проблеми што самите ги создадоа. Сиромаштијата, иселувањето и неперспективноста се наследство од ДУИ-владеењето. Сега, кога Влен носи конкретни програми за унапредувања и нови работни места, ДУИ би стопирала сè, само да се врати на власт.

До вчера велеа дека Албанците се маргинализирани во администрацијата; денес, плачат затоа што Албанци конечно конкурираат за тие работни места. Времето е кратко, а поразот за купот на бивши политичари околу ДУИ, неминовен. На куп, сите заедно, ќе го почувствуваат гневот на народот што дваесет години го држеа без права и во сиромаштија додека тие се богатеа. Влен останува решена. Секој чесен и способен Албанец ќе добие шанса, а клиентелизмот и двојните аршини завршуваат тука, тврдат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Вреди е измама, е „политичкиот Франкенштајн“ на Мицкоски, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Фазлиу: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Влен: Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства