Влажни коловози, опасност од одрони

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања, по влажни коловози. Според најновите информации добиени од Диспечерско-информативниот центар на Ј.П. Македонија пат, слаби врнежи од снег се бележат во Маврово и Крива Паланка, но снегот не се задржува на коловозот.

Автомото сојузот на Македонија препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози