Власта и опозицијата ги усогласија измените на Законот за судовите, нови измени најавени за летово

Од:

Реформските измени и дополнувања на Законот за судовите, кој се очекува Собранието да го изгласа утре, ја има поддршката и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. За Министерството за правда бил непифатлив само делот што се однесува на дисциплинската одговорност на судиите.

Како што беше истакнато на денешната јавна расправа во Собранието организирана од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ го усогласиле текстот, освен делот којшто се однесува на дисциплинската одговорност на судиите, кој не бил прифатлив за Министерството за правда.

Законот за судови, како што најави заменик министерот за правда Оливер Ристовски, ќе претрпи уште една измена во јуни-јули годинава којшто ќе се однесува токму на дисциплинската одговорност на судиите.

– Ве информирам дека ќе има и трет пакет на пообемни измени кој ќе биде во јуни-јули, а работните групи и јавните дебати околу тоа ќе почнат сега веќе во април, рече Ристовски.

Билјана Бришковска Бошкоски, претставник на работната група на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека делот за дисциплинската одговорност на судиите што го предложиле веќе бил усогласен со Венецијанската комисија во текст на законот за судовите од 2015 година, кој поради одредени причини не бил донесен.

Таа посочи дека и покрај тоа што не се прифатени од Министерството за правда нивните забелешки, тие ќе го поддржат реформскиот закон за судовите, што треба да се гласа утре.

Претставникот на Адвокатската комора на Македонија, адвокатот Љубомир Михајловски кажа дека тие во целост го поддржуваат Законот за судовите и напорите на Владата за носење на неговите измени.

Мислењето на Адвокатската комора, според него, е дека Законот е квалитетен и тој е важен за граѓаните, за судовите.

– Мислиме дека треба да се даде поддршка за овој Законот без и малку да има политика, рече Михајловски додавајќи дека во Македонија има стручни судии, и дека овој закон ќе биде како алатка за унапредување на индивидуалниот пристап на судиите.

Предлог на Адвокатската комора на Македонија е и адвокатите, под соодветни услови, да можат да конкурираат за судии.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски