Власта не застана зад Ѕинго околу сопственоста на Сител

Од:

Сите пратеници и опозицијата и власта, освен двајцата пратеници од Социјалистичката партија, гласаа негативно за барањето за Автентично толкување, од пратеникот на социјалистите.

Малиша Станковиќ, пратеник од партијата на Љубисав Иванов Ѕинго, смета дека близок роднина на избран функционер е само оној кој живее во заедница. Барањето е поради одредбите на Советот за радио-дифузија медиумите да се изјаснат околу сопственоста на медиуми.

Деца на двајцата пратеници од владејачката коалиција Иванов и Борис Стојменов, се основачи и сопственици на двете телевизии со национална концесија, Сител и Канал 5.
Според опозицијата, Владата со толкувањето, и со негативниот одговор на барањето на Малиша Станковиќ, сака да ги заплаши Сител и Канал 5, бидејќи, рекоа, ВМРО-ДПМНЕ , за изборната кампања на медиумите им должи 3,5 милиони евра, а најголем е долгот, токму кон Сител и Канал5.

Опозицијата констатираше дека власта затвори 5 медиуми и праша дали на ред е сега уцена или затворање и на Сител и Канал 5.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on